Висок 435 метри и широк само 18 метри: Ова е најтенкиот облакодер во светот

Зградата Steinway на 111 West 57th Street во Њујорк е прогласена за најтенкиот облакодер на светот. Станува збор за импресивно архитектонско достигнување направено од бетон и стакло кое се издига на 435 метри на Менхетен, а широко е само 18 метри.

Овој станбен облакодер е дизајниран од SHoP Architects и има 84 ката. Во основата е зачувана зградата Steinway Hall , која првично се наоѓала на оваа адреса, а која вклучувала изложбен простор за надалеку познатите клавири, продавници, концертни сали и деловни канцеларии.

Внатре во најтенкиот облакодер на светот има 46 луксузни апартмани и уште 14 во внатрешноста на Steinway Hall.

Ова не е чудно за локацијата каде што се наоѓа. Облакодерот Steinway се наоѓа во таканаречениот Billionairs Row – област со луксузни згради околу Централ Парк каде живеат некои од најбогатите луѓе во светот.

Облакодерот Steinway е исто така еден од највисоките облакодери на западната хемисфера, зад Светскиот трговски центар, кој е висок 541 метар и кулата Централ Парк која се издига на 472 метри.