Вистината за животот под палуба на најгламурозните суперјахти: стјуардеса ги открива „срамните“ тајни на супер-богатите
„Додека чистев со чепкалка за заби, обидувајќи се да ги отстранам најмалите честички прашина од решетката во салонот на суперјахтата, знаев дека ова не е она што луѓето го замислуваат кога ќе помислат на животот под палубата,“ вели една стјуардеса што работела на суперјахти за холивудски ѕвезди.
Реалното шоу “Below Deck” прикажува животот на екипажот кој работи на суперјахти за време на сезоната на чартери. Но, таа вели дека реалноста е многу поинаква.
„Смената почнува во 6 часот. Почетокот на работниот ден често започнува со чистење остатоци од кокаин додека гостите продолжуваат да се дрогираат околу тебе или паника бидејќи немате време да ја избришете колекцијата на Birkin чанти на вашиот шеф додека ги средувате нивните алишта, менувате чаршави и им носите капучино со бадеми..“

Кога ја нашла првата работа мислела дека работите ќе бидат како што е во договорот, но брзо сфатила дека не е така.
„Кога најдов работа ми рекоа дека ќе работам десет часа на ден, но од првиот ден, често бев на смена од 6 часот до по полноќ, со само еден час пауза. Брзо сфатив дека 17-часовните денови – и повеќе – се вообичаени, и додека на хартија мојата месечна плата од 3.500 евра изгледаше добро бидејќи не ќе трошам многу, во однос на работните саати, не е многу повеќе од минималната плата“.
По две години работа како стјуардеса на некои од најубавите јахти во светот, на 23 години таа одлучила да се врати во Велика Британија. „Животот под палубата не е толку гламурозен како што изгледа на телевизија,“ споделува таа.

Таа опишува мали кабини во кои едвај има место за една личност, и долги денови кои траат и по 17 часа.
„Незгодно е да спиеш во кабина која е толку мала што само една личност може да стои во неа, но после 17-часовни денови толку сте уморни што само можете да се фрлите во кравет. Тоа е целата реалност на животот под палубата: за секој гламурозен момент на поканата за вечерно пливање со вашите супер богати домаќини, има сто други моменти кога сте ништо повеќе од слуги-послужувачи-наставници – понекогаш сите во исто време“.
За време на нејзината работа на суперјахти, таа видела секакви неморални случувања, од користење на наркотици до сексуално вознемирување. „Познавам екипаж кој сведочеше како се носат проститутки на јахтите,“ вели таа. „Сексуалното вознемирување не е реткост, не само од страна на гостите, туку понекогаш и од капетанот. Имам слушнато приказни како сопствениците на јахти плаќаат за секс со членови на екипажот, кои потоа мораат да служат на нивната сопруга.“
Таа исто така открива дека има многу случаи на користење на наркотици.
„Бев шокирана од употребата на дрога. Јас изгубив број на линиите кокаин што ги чистев од мраморните бањи и масички. Не ме сфаќајте погрешно – некои гости беа прекрасни. Ќе те поканат да им се придружиш на пијачка или на капење. Но, имаше многу луѓе кои едвај можеа да го признаат твоето постоење или само да разговараат со тебе“.

По само три месеци од ова очајнички сакала да си оди дома и се чувстувала најуморно што некогаш била во животот. Но, неколку часа како што се вратила кај мајка си, добила повик од пријател дали сака да оди назад во Франција за да работи како стујардеса на многу престижна јахта
„Бев уморна, но беше премногу добра прилика да одбијам и така, во рок од 24 часа, се вратив под палубата – овој пат на јахта долга 50 метри со 12 членови на екипажот и двајца холивудски славни сопственици на одмор. Ја добив мојата прва работа со полно работно време како управител на чартер јахта со седиште во јужна Франција. Ги чистев нивните кабини, им ги сервирав пијалоците и ги чував нивните деца. Не ми се веруваше за тоа колкаво богатство гледав околу мене“.
„Морав да потпишам договор за необјавување (НДА), што значи дека не можам да кажам премногу, но ќе кажам дека имаа член на персоналот за речиси секоја работа што можете да ја замислите, вклучително и шетач на кучиња.
Повторно имав среќа: славните можеби беа мега-славни, но имаа манири. Ме прашуваа како спиев и ми велеа „благодарам“, што е повеќе отколку што можеш да кажеш за многу од еден процентен клуб од светските богати.

„И покрај тоа, откако ми заврши месецот, бев подготвена за пауза и се вратив дома за зимата, за да се вратам за да се приклучам на 40-метарската јахта. Овој пат сопствениците живееле на бродот, но би полетале за Лондон или Хонг Конг ако им здодее. И тие многу патуваа на јахтата – за неколку месеци кога бев таму, отпловивме до Црна Гора, Италија, Грција, Шпанија. Но, на крајот, физичкиот умор ме зафати. Додека сопствениците беа прекрасни – сопругата еднаш се врати од патување со пар чевли Louboutin за мене – јас бев во постојан недостаток на сон, често надополнет со мамурлак, бидејќи имаат многу тешка култура на пиење“.
Покрај сите негативни аспекти, таа признава дека животот под палуба има и своите привилегии. Местата што ги посетила во Светот не ќе можела да ги посети најверојатно никогаш доколку не работела на брод.
„Некои гости беа навистина љубезни, би не поканиле на пијачка или пливање,“ вели таа, но заклучува дека напорниот ритам и физичкиот замор ја довеле до одлука да се повлече од оваа професија.

Коментирај анонимно