Вистината зад „ритуалот со нишање на косата“ за време на посетата на Трамп на Блискиот Исток
При посетата на Обединетите Арапски Емирати, на поранешниот американски претседател му беше приреден спектакуларен пречек во претседателската палата Qasr Al Watan. Еден дел од церемонијата што привлече особено внимание беше настапот на жени кои ја нишаа својата долга коса лево-десно, што многумина на интернет го нарекоа „ритуалот со косата“.
Но, ова не беше случаен танц. Станува збор за Al-Ayyala, традиционална церемонија признаена од УНЕСКО, што симболизира чест, гордост и духовна благослов. Жените во традиционална облека се дел од сценографија која се приредува само за кралеви, државници и личности што се примаат со највисоки почести.
Како што е објаснето од еден корисник на мрежата X:
„Овој ритуал не е TikTok тренд. Тој е древен, намерен и кралски. Тој не само што се врати – туку сега тој е оној на кого му веруваат.“
Настанот беше толку симболичен, што некои го протолкуваа и како порака за промена на глобалната рамнотежа, завиткана во древна традиција.
Коментирај анонимно