Вистината зад сендвичите од бензиска. Откако ќе видите како се прават никогаш повеќе нема да купите!
Можеби отсекогаш сте се прашувале како се прават сендвичите што ги има по бензиските. Епа ова видео ќе ви покаже како точно се прават готовите сендвичи.
Оригиналното видео е од креаторите How It’s Made, споделено на страницата на YouTube на Science Channel.
Скролајте надолу за видео

Процесите на кои се подложува во фабриката се прикажани без филтер, а еден дел од видеото покажува како се прават сендвичите со специфични барања и состојки со употреба на машини и рачна работа.
Гледајќи ги различните работници кои ставаат свежо исечен леб во автоматизирана машина, се објаснува дека се проверуваат за недостатоци и се отстрануваат парчиња леб што не се 10/10.
Лебот се одвојува со помош на машина, и се размачкува путер врз секое, преместувајќи ги парчињата во следната фаза каде што се нанесува мајонез.
Документарецот покажува дека работниците се тие кои додаваат рендано сирење и ладни парчиња шунка на секој сендвич и ги спојуваат пред машината да ги исече уредно на триаголници за да се пакува.
Во друг дел, го прикажува најголемиот процес за создавање сендвичи со истите состојки како дел од целосно автоматизирана линија за склопување, покривајќи сè, од намаз од мајонез до мешање на филот и склопување на сендвичот.
Додека некои ужаснати гледачи останаа да пцујат откако беа сведоци како се прават нивните омилени сендвичи некои едноставно не беа изненадени.

Коментирај анонимно