Вистинска приказна за жена која поминала 50 години затворена, затоа што била вљубена во тиранин

Виктор Иго е запаметен како еден од најважните францускиот класични писатели и автор на десетина бесмртни романи. На страниците на неговите книги тој го опиша Ѕвонарот на Нотр Дам и каприциозната убавина на Есмералда.

Тој исто така ни подари дела како Les Misérables и Човекот кој се смее што остави светла трага во светот на книжевноста. Една од првите личности која ги читала неговите романи била Џулиет Друт која ги препишувала неговите ракописи цели 50 години, но немала пари ниту да си купи нов фустан.

Генијалецот и неговата сакана

Тие се запознале на читање на еден од неговите романи каде што Џулиет играла мала улога и имала 27 години. Тие тогаш не знаеле дека нивната љубов ќе им донесе бесконечна среќа, тага од предавство и разочарување. Џулиет доаѓала од сиромашно семејство. Татко ѝ бил кројач, а мајка ѝ слугинка. Откако татко ѝ починат таа пораснала кај вујко ѝ.

Откако научила литература и поезија, таа се запознала со скулпторот Џејмс Прадиер во 1825 година, а наскоро ја родила и нивната ќерка Клер. Сепак тој не се оженил со неа затоа што бил против брак со модели. Во 1829 година, таа ја започнала својата кариера како актерка и живеела раскошен живот како куртизана.

Виктор бил воодушевен од неговата нова љубов, но и се срамел од неа затоа што не била светица. Парите од богатите спонзори биле единствениот извор на приход за неа. Сепак Џулиет одлучила да се впушти во оваа врска и да се откаже од татарот и раскошниот живот и да се фрли во сиромаштија.

Од раскошна до бедна жена

Виктор не ја спонзорирал Џулиет иако имал многу моќ и пари. Тој во тоа време бил во бракс од друга жена и имал семејство кое не сакал да го остави, но не сакал да ја остави и Џулиет. Затоа таа му станала секретарка која му ги препишувала ракописите. Џулиет не смеела да излезе од дома без дозвола од Виктор. Поради љубомора тој често со неа се однесувал како тиранин. Иго не ѝ дозволувал на Џулиет да купува нови работи, како на пример облека. Таа некогаш запаѓала во толку големи долгови што немала пари за огрев и по цели денови лежела под јорган за да се стопли.

Се однесувал кон неа како кон „куче“

Писателот секогаш живеел луксузен јавен живот, но Џулиет не смеела да биде дел од него. Дури и кога смеела да го прирдружува некаде се криела во ќошот како куче. Во едно од нејзините писма до него, Џулиет вели: „благодарамшто ме третирате како безобразно куче“ и „Вие бевте многу сурови кон мене“. Со текот на годините нејзината убавина избледувала и таа пропаѓала. На крајот дури дознала дека Виктор си имал и други љубовници.

Иго имал стотици љубовници

Според некои пресметки, писателот имал над 200 љубовници во рок од 2 години. Можел да го помине утрото со лесна жена, попладне – со популарна танчерка и вечерта со благородничка од високото општество. Сепак Џулиет го сакала и тивко тонела.

Таа починала на 77-годишна возраст. Писателот дури и не се појавил на нејзиниот погреб, затоа што бил загрижен за тоа што ќе помислат луѓето. Самиот Иго починал 2 години подоцна – на 83 години. На церемонијата на збогување со авторот присуствувале 2 милиони луѓе.