Вистинска приказна зад „вонземските“ остатоци на Марс, снимени од сондата на НАСА
Можеби изгледа како летечка чинија која се урнала на површината на Марс, но вистината е далеку од фантастика за љубителите на вонземски живот.
Фотографиите на „летечката чинија“ се направени од хеликоптерот на НАСА, Ingenuity, што орбитира околу Марс, и дури и на научниците им изгледа „вонземски“. Но, вистината е многу поедноставна и нема никаква врска со мали зелени суштества што се кријат зад карпите на Црвената планета.
Во февруари 2021 година, НАСА го спушти роверот Perseverance на Марс, лансиран во вселената претходната година. На дното на роверот беше поставен Ingenuity хеликоптерот, со план да направи пет летови за истражување на соседната планета. Но, Ingenuity ги надмина очекувањата и направи вкупно 72 летови, со што стана првото летало што успешно направило контролирано летање на друга планета.
На својот 26-ти лет, Ingenuity забележа необична слика од објект што изгледаше како урната летечка чинија, оставајќи силен впечаток и збунетост кај гледачите. Но, всушност, станува збор за капсулата за слетување која го заштитувала роверот и хеликоптерот при нивното спуштање на Марс.
На сликите се гледа падобранот со дијаметар од околу 21 метар, кој го забавил ударот при слетувањето. Околу 2 километри од површината, падобранот и заштитната обвивка се одделиле од роверот Perseverance, кој понатаму користел ракетен систем, наречен Skycrane, за прецизно слетување со контролирана брзина. Кога капсулата удирала во површината, се движела со брзина од околу 125 км/ч, оставајќи траги и остатоци наоколу.
„Велат дека сликата вреди илјада зборови, но исто така има бесценета вредност за инженерското знаење,“ изјавил инженерот Ијан Кларк, кој работел на системот за падобран на Perseverance.
Не ми е јасно каде полагаат возачки (летечки) овие вонземјаниве, па од време на време, некаде ќе паднат?
Коментирај анонимно