Вистинската причина зошто секогаш треба да го галите вашето куче пред да излезете од дома

Една од најубавите работи во врската со кучето е неговата приврзаност кон сопственикот. Истражувања покажуваат дека кучињата почнуваат да мечтаатм за сопствениците веднаш по нивното заминување, а тоа чувство се зголемува на секои четири часа, по што влегуваат во „плато на меланхолија“. Колку подолго се разделени од сопственикот, толку поголема е радоста на кучето при неговото враќање.

 

 

 

Истражувачи од универзитетите во Пиза и Перуџа, Италија, откриле дека кучињата имаат помалку анксиозност ако сопствениците им покажат нежност пред да излезат. Во експериментот учествувале 10 кучиња од различни раси и возрасти, кои биле внесени во ограден простор со своите сопственици. Во првиот тест, сопствениците едноставно заминувале без посебно внимание кон нивните миленици. Во вториот тест, пред заминувањето, сопствениците ги галеле и им посветувале внимание.

 

 

По нивното заминување, кучињата во просек ги барале сопствениците околу три минути. По нивното враќање, биле измерени нивните нивоа на кортизол и срцевиот ритам. Иако нивото на кортизол останало непроменето, срцевиот ритам на кучињата што биле погалени пред заминувањето значително се намалил. Видеоснимките покажале дека тие останале посмирени подолг временски период додека чекале сопствениците да се вратат.

Затоа следниот пат пред да излезете, макар и до продавница, не ги оставајте без бакнеж или прегратка.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *