Вистинската приказна за тоа како изреволтиран доставувач на пица го измисли модерниот панцир
Не би очекувале дека панцирите какви што ги знаеме денес се тука благодарение на доставувач на пица. Навикнати сме доставувачите на пица да бидат облечени во прилично нормална облека – можеби брендирана кошула и соодветно капаче ако се во американски филм. Би било изненадувачки да ги видите во заштитна опрема, но сопственикот на пицеријата Ричард Дејвис открил дека панцирот може добро да му се најде.
Дејвис отворил пицерија во Детроит, откако служел во американскиот марински корпус, а една ноќ тој бил повикан на адреса во темна уличка, каде што му претеле со пиштол. Неколку недели подоцна дошол повик од истата адреса, но знаејќи дека истите луѓе веројатно стојат зад повикот, тој дошол подготвен со револвер под пиците.
Кога пристигнал на локацијата разбојниците се обиделе да го направат истото, да му ја земат пицата и парите и тука почнала престрелка. Сопственикот на пицеријата претрпел еден удар во задниот дел на ногата, додека друг му поминал веднаш до челото. Тој испукал 4 куршуми и ранил 2-ца од неговите напаѓачи.
Неколку недели додека тој се опоравувал неговата пицерија изгорела до темел, откако ја запалиле одмазниците. Дејвис имал само 70 долари на својата сметка, но одлучил да продолжи напред. Заштитната опрема постоела со генерации, но Дејвис барал поедноставно решение.
Во раните 1970-ти години Дејвис создал поефикасен елек по пробивот со новата, лесна, супер-силна синтетичка ткаенина, Кевлар. Материјалот е пет пати посилен од челик и пофлексибилен, па Дејвис го обликувал во елек користејќи балистички најлон.
Тој му го даде името „Втора шанса“ и неговата намера била да го даде на полицијата. Тој имал мал успех во продажба на елекот на почетокот, но ја воодушевил полицијата откако го тестирал елекот на себе. Во текот на целото тестирање, Дејвис се застрелал вкупно 190 пати – докажувајќи дека елекот е повеќе од ефикасен.
Неговиот панцир бил толку импресивен што елекот подоцна стана стандардна униформа за полицијата низ САД, а варијациите на неговиот оригинален дизајн и денес се користат од војниците.