Вистинскиот Могли, којшто живееше во шума со диви животни, сега е целосно променет – оди на училиште и научил да вози велосипед, благодарение на неговата светска слава

Приказната за младото момче кое побегнало од својот дом за да живее со диви животни во шумите во Руанда заврши со среќен крај.

 

 

 

Занзиман Ели, нарекуван и  „реалниот Могли“, стана познат по документарецот за неговиот живот што беше емитуван на „YouTube“ во 2021 година. Младиот човек го добил името поради споредбите со приказната за Могли, момче кое го одгледувале животни во познатиот филм на Дизни „Книгата за џунглата“.

 

 

Во документарецот, Занзиман се гледа како живее во шумата и јаде трева и банани заедно со други диви животни. Занзиман бил принуден да побегне од дома откако суровите насилници му го загорчиле животот поради неговиот изглед. Тој наводно бил нарекуван и „мајмун“.

 

 

 

Тој страда од состојба наречена микроцефалија, каде што бебето се раѓа со главата многу помала од нормално. Меѓутоа, неговиот живот се променил кога филмската екипа пристигнала во оваа африканска земја за да сними документарен филм за него, во кој тој повторно се соединил со семејството.

Сега Занзиман, за кој се верува дека денес има 25 години, е непрепознатлив во последното појавување во медиумите. Креаторите на документарните филмови „Afrimax TV“ наравија страница „GoFundMe“ која доби бројни донации ширум светот. Тоа му овозможи на Занзиман и неговата мајка да изградат нов заеднички живот.

 

 

 

Снимките од 2022 година покажаа дека Ели изгледа многу нормално во училишната униформа и ужива во домашниот живот со својата мајка. Неговата мајка инсистира дека неговата неверојатна трансформација не е ништо помалку од „чудо“. Донациите беа искористени за да се испрати во училиште за деца со посебни потреби во Центарот на заедницата Убумве во Руанда.

 

 

Мајката на Занзиман рече: „Господ е чудотворец. Го исмејуваа и јас често трчав по него. Во моментов тој е на училиште со своите врсници и јас сум многу среќна. Син ми има убав живот, добронамерници ми изградија куќа… тагата ми е одземена. Живеевме во стара куќа која ќе паднеше во секое време. Никогаш не знаев дека моите желби ќе се остварат. Оваа куќа има сè за да биде дом. Ова е рај на земјата. Ми го донесоа овој уред каде што гледам луѓе кои разговараат со мене (телевизорот). Никогаш повеќе нема да се чувствувам осамено“.

Последната информација објавена во јавноста за Занзиман е дека тој научил и да вози велосипед и научил како да си ја пере облеката.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *