Вистинскиот рецепт од Башчаршија: Како да подготвите автентична, кремаста и богата босанска алва што се топи во уста
Алвата од брашно е еден од најстарите и наједноставни десерти во традиционалната кујна, познат по својот богат вкус и неодоливо креместа текстура. Овој десерт се приготвува низ целиот свет – од Блискиот Исток до Балканот, а секој регион има свој специфичен начин на подготовка. Во продолжение, ќе ве водиме низ сите чекори за да ја направите совршената алва со неколку корисни совети за најдобар резултат, секој пат.

Содржина:
Потребни ви се само неколку едноставни состојки што сигурно ги имате дома
За овој рецепт ви се потребни неколку основни состојки:
– 1 шолја пченично брашно
– 200 мл млеко
– 1 мала лажичка шеќер
– 60 грама сончогледово масло
– 50 грама путер
– Мелени ф’стаци или бадеми (за декорација)
Овој десерт не бара скапи или тешко достапни намирници, што го прави идеален избор кога сакате да подготвите нешто слатко набрзина.

Внимателно мешање, правилна боја, уникатен вкус
Правењето аалва не е комплициран процес, но бара трпеливост и постојана грижа за да се добие совршена текстура. Следете ги овие чекори:
1. Во соодветен сад измешајте го млекото со шеќерот и мешајте додека шеќерот целосно не се стопи. Овој сируп ќе ја даде сочноста и сладоста подоцна.
2. Во широка тава или тенџере, загрејте масло и путер на средна температура додека путерот целосно не се стопи. Додајте го брашното и мешајте постојано за да не загори.
3. Гответе додека брашното не премине во светложолта нијанса и не почне да мириса на ореви (околу 10–15 минути, во зависност од топлината).
4. Кога брашното е доволно испржено, внимателно додајте го претходно подготвениот сируп. Мешајте постојано за да не се создадат грутки.
5. Полека, алвата ќе ја впие течноста и ќе стане погуста. Кога ќе добие густа и мазна конзистенција, тргнете ја од оган и оставете ја да одмори неколку минути.

Како да ја сервирате aлвата за да ги импресионирате сите: Декорација и финални совети
Кога алвата ќе се стабилизира, оформете ја со лажица или калап за сладолед, ставете ја на чинија и декорирајте ја со мелени ф’стаци или бадеми. Најдобра е кога се служи топла, а може да се комбинира со топка сладолед или со шолја турско кафе.
Aлвата од брашно е совршена спојка на едноставност и богат вкус. Овој традиционален десерт лесно се приготвува, може да го прилагодите според вашиот вкус и ќе биде вистинско задоволство за сите сетила.

Коментирај анонимно