Вјеличка: Рудникот за сол кој изгледа како магичен замок и ги остава луѓето без здив
Во секоја кујна има најмалку едно пакување кујнска сол. Ова е толку задолжителен зачин, што веќе е досадно да се споменува.
Ретко на кој солта му е интересна, но во одредени ситуации и не е така. Рудникот за сол, Вјеличка, во близина на Краков, Полска, докажува дека солта може да биде и ремек-дело.
Рудникот за прв пат бил отворен во 13 век, а денес е дел од Првиот список на светско наследство на УНЕСКО. Секако ова е со причина! Рудникот за сол, кој достигнува до 326 метри во својата најдлабока точка, има подземни езера, 2.000 комори и капели опремени со огромни лустери.
И како ова да не е доволно секој од овие детали е направен од СОЛ. Рудникот изгледа толку нереално што ќе се чувствувате како да сте во некоја бајка, која нема врска со рудници или пак сол. Историјата на рудникот за сол датира од средниот век, кога порано се нарекувал Магнум Сал или Голема сол. Во 13 век, тој бил најголемиот извор на сол во земјата, што било клучно за економијата на земјата. Денес, тој е една од главните туристички атракции во Полска.
Во средниот век имало 300-350 вработени во рудникот за сол, а производството на сол можело да биде околу 7 или 8 тони годишно. За првиот турист се вели дека бил Никола Коперник, кој го посетил рудникот во 1493 година. За да го одбележат овој настан, има статуа од сол направена од астрономот поставена во комора именувана по него.
Изненадувачки, рударите сѐ уште се на работа. „Рударите ги штитат историските подрачја на рудникот, поправајќи во т.н. пост-руднички празнини во неговите историски делови, како и управуваат со протекување на свежа вода“. Има многу реновирање што треба да се направат на огромните историски комори, имајќи предвид дека 2 милиони посетители годишно се собираат за да ја видат оваа комплексна локација.
Можеме само да замислиме колку е огромна целата подземна структура, бидејќи само 2% од истата е достапна за туристите.