Владата на САД се „пали“ на скапи автомобили и го купува најскапиот Шевролет во историјата

Владата на САД „преферира да вози„ Шевролет „Suburban“, па затоа нарача 10 специјални единици за кои ќе плати неверојатни 36,4 милиони долари.

Овие бројки се огромни дури и за американски стандарди, но цената е оправдана, како што разјаснуваат од GM Defence, бидејќи теренците ќе бидат прилагодени на безбедносните прописи на DSS (Дипломатска служба за безбедност).

 

 

Овие прописи вклучуваат бројни модификации, од специјални полици, моторот и сопирачки, па се до елементите на ентериерот и посебна, поцврста шасија.

Ова е само почетокот на соработката бидејќи во текот на девет години, почнувајќи од 2023 година, GM Defense ќе и достави на американската влада 200 специјални „Suburban“ возила.