Владата ви предлага 10 македонски атракции кои морате да ги посетите, затоа што #ДомаСиЕДома

Полека станува јасно дека оваа година можеби ќе останеме без одмор на некоја од посакуваните дестинации. Но, за среќа нашата држава има прекрасни места кои вреди да се посетат и нашата влада реши да нѐ охрабри и инспирира да ги посетиме.

Сепак тука се случи една „мала грешка“. Владата промовираше домашен туризам со езерото Конигзе, кое се наоѓа во Германија (да им признаеме слично е на Матка, памет за друг пат дечки). Па, така и ние во тој дух решивме да ви покажеме 10 македонски атракции кои можете да ги посетите уште утре… ако се водите според логиката на ДомаСиЕДома…

Милениумскиот крст на Водно, од кој се гледа цело Скопје

Плажа Долно Дупени

Влада на Република Македонија

Нашата прекрасна Шар Планина

Ова ќе биде плодна година за кочанските оризови полиња

Самуилова тврдина во најубаво светло

Црква „Св. Илија“

Смоларски водопад со сета своја убавина