Владимир Путин откри која секојдневна професија ја имал во 90-тите

Владимир Путин имал нормална работа во 1990-тите, додека се обидувал да врзе крај со крај.

Поранешната пеофесија на рускиот претседател беше откриена во документарниот филм наречен „Русија, најновата историја“, кој се емитуваше во неделата, на 12 декември.

Во документарецот Путин зборува за своето искуство за време на распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, што принудил многу Руси да бараат нови извори на приход.

Иако ставовите на претседателот за распадот на Советскиот Сојуз се добро документирани, деталите за неговите сопствени тешкотии во ова време се новост.

Тој рече:

„Понекогаш морав да заработам дополнителни пари. Мислам, да со автомобил, како приватен возач. Непријатно е да се зборува за тоа да бидам искрен, но за жал така беше“.

Ова не е единствената поранешна професија на Путин, бидејќи се вели дека Путин бил поранешен агент на КГБ, советската служба за безбедност.

Претседателот работел во канцеларијата на градоначалникот на Санкт Петербург Анатолиј Собчак. Сепак, тој тврди дека дал оставка од службата во 1991 година, по државниот удар против тогашниот советски претседател Михаил Горбачов.

Овој удар доведе до распад на СССР, што доведе до тоа Путин да вози такси за да го дополни својот приход.