Властите беа приморани да ги смируваат Украинците кои помислија дека има нуклеарна експлозија во Чернобил

Украинските власти ги повикаа членовите на јавноста да не паничат откако облак во форма на печурка забележан во близина на Чернобил предизвика стравувања од нуклеарна експлозија.

Луѓето најверојатно нема да го заборават уништувањето предизвикано од нуклеарната катастрофа во Чернобил, а многумина ги доживеаја ужасните настани повторно преку неодамнешната серија. Така што кога еден необичен облак се појави во оваа област не е ни чудно што луѓето испаничија.

Огромниот облак се појавил во близина на Киев, помалку од 90км од Чернобил, каде експлодираше нуклеарен реактор во 1986 година. Неговата необична форма на печурка беше тоа што ги загрижи луѓето. Локалните жители излегоа на социјалните мрежи да споделат фотографии од облакот, при што едно лице коментираше: „Дали Путин тестира ново нуклеарно оружје?“

Како и да е, покрај шпекулациите, украинските власти ги уверија жителите дека нема што да се грижат бидејќи украинската државна служба за вонредни состојби сподели фотографии од облакот на Интернет, шегувајќи се: „Признајте, кој се исплаши?“

Наместо експлозија опасна по живот облакот всушност е редок феномен за кој властите велат дека е познат како „наковална облак“ што значи дека не постои причина за какви било грижи.

Додека локалното население не мораше да се грижи за евакуација на областа, можеби ќе треба да ги подготват своите чадори, бидејќи облаците што доаѓаат честопати сигнализираат претстојни грмежи.

Формирањето, кое исто така се нарекува кумулонимбус инкус, е еден вид густ облак формиран од водена пареа пренесен нагоре од силни воздушни струи, што достигна стратосферска стабилност и ја формира карактеристичната рамна форма.