Властите во Швајцарија го бараат мистериозниот сопственик кој заборавил злато вредно 170.000 евра во ВОЗ

Без разлика дали тоа се вашите слушалки, телефонот или паричникот, доколку ги изгубите во воз најверојатно првата работа на која што ќе помислите е да стапите во контакт со железничката компанија за да видите дали биле пронајдени и предадени.

Сепак, во еден бизарен пресврт на настаните, злато вредно 170.000 евра е пронајдено во возот во Швајцарија и никој не се јавил за да си го земе.

Мистериозниот сосптвеник го оставил богатството на возот кој патувал од северо-источниот швајцарски град Сент Гален и Луцерн, град близу до центарот на земјата. Ова се случило во октомври 2019 година, но сѐ уште нема ниту трага ни глас од сопственикот, па затоа властите решиле да ја објават случката.

Златото тешко повеќе од 3 килограми било пронајдено во еден од вагоните во возот. Официјални лица во Луцерн потрошиле осум месеци спроведувајќи „обемни истраги“ за пронаоѓање на сопственикот, но нивните напори биле залудни. Кога на крајот ќе го најдат вистинскиот сопственик, не е јасно како ќе можат да проверат дали златото ѝ припаѓа на таа личност.

Полицијата упати порака до сопственикот на златото дека има 5 години да дојде и да си го земе, кое е конфискувано од канцеларијата на јавните обвинители.

Од друга страна, треба да бидете прилично богати да не забележите дека сте изгубиле толку злато… Можеби не му е потребно?