Внатре во хотелската соба на Лијам Пејн: Скршен телевизор, бел прав и алуминиумски фолии се гледаат на фотографиите објавени од аргетинските медиуми

Натрупанa со бел прав и алуминиумска фолија, се вели дека ова е сцената во хотелската соба на Лијам Пејн откако пејачот пред некоја вечер падна од терасата во Буенос Аирес.

 

 

Пејн бил пронајден мртов од полицијата, која вели дека ги пронашла лековите на поп-ѕвездата, вклучително и клоназепам – лек кој се користи за контрола на епилепсија, неволни мускулни грчеви и нарушувања на паника.

 

Последна фотографија на Лиам Пејн во хотелот Каса Сур во Буенос Аирес

Имаше избезумен повик до Брза помош од персоналот на хотелот за „агресивен човек кој може да е под дејство на дрога или алкохол“, кој ја „крши својата соба“ неколку минути пред да умре.

Овие фотографии во луксузниот апартман, објавени од аргентинскиот магазин Clarin, изгледаа како да го потврдија вознемирувачкиот извештај за менталната состојба на Пејн.

 

На една маса, површината е покриена со алуминиумска фолија, бел прав, запалка и траги од изгореници на дрвената површина.

Повеќе остатоци од свеќи и алуминиумска фолија беа пронајдени во кадата од апартманот на Пејн, чие дно беше извалкано и имаше изгореници.

 

Пејн пристигна во Јужна Америка со својата девојка Кејт Кесиди на 30 септември, престојувајќи во Аргентина две недели, откако планираше да помине само „пет дена“ таму.

 

За време на нивното продолжено патување, Пејн беше повторно обединет со Ниал Хоран откако отиде да го гледа својот поранешен колега од бендот како настапува во Мовистар Арената, Буенос Аирес, на 2 октомври.

На 12 октомври, г-ѓа Кесиди (25) се врати дома на Флорида откако рече „Само треба да си одам дома“ во видеото на TikTok, при што Пејн остана и сам се чекираше во хотелот Каса Сур.

Само 48 часа пред неговата смрт, на 14 октомври, се дозна дека поранешната свршеница на Пејн, г-ѓа Маја Хенри, започнала правна постапка против Пејн, обвинувајќи го за опсесивно контактирање и „вооружување“ на неговите обожаватели против неа.

 

Кога веста за смртта на пејачот почна да се филтрира, обожавателите почнаа да пристигнуваат на вратата од хотелот во Палермо и надвор бдееја со свеќи и почнаа да се собираат збирки цвеќиња и пораки.

Неговото тело е пренесено во судската мртовечница за да се изврши вештачење.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *