Внатре во мегацрквата која обожава канабис и психоделични печурки – со вооружени чувари и нивниот „Порок на печурки“

Мегацрква која верува дека канабисот и печурките псилоцибин им помагаат на луѓето да се поврзат со боговите е една од најбрзо растечките религии во САД.

Црквата Амброзија, основана пред пет години во Оукленд, веќе има над 100.000 членови. Предводена од свештеникот Дејв Хоџис, оваа меѓуверска организација е фокусирана на проширување на пристапот до психоделични печурки.

 

Хоџис, наречен „Пророкот на печурки“, е дел од бумот на психоделичните цркви во САД. Црквата беше толку успешна што отвори уште една капела во Сан Франциско.

Терминот „Порорк на печурки“ се однесува за некој што се гледа или се самопрогласува како духовен или влијателен водач во заедница која почитува или користи психоделични печурки.

 

За котизација од 10 долари и месечна претплата од 5 долари, секој возрасен може да се придружи и да пристапи до тајните: марихуана, магични печурки и DMT – моќно психоделично соединение кое природно се наоѓа во различни растенија и животни. Познат е по своите длабоки халуциногени ефекти, често предизвикувајќи интензивни визуелни и аудитивни халуцинации, изменета перцепција на времето и просторот и чувство на духовно или мистично искуство.

Црквата заработува околу 5 милиони долари годишно. Помеѓу членарината и редовните донации за дрога, проценува Форбс. Хоџис одбива да разговара за финансиите, освен што кажал дека парите се враќаат во црквата и дека таа плаќа три милиони долари годишно за правни трошоци, кирија и обезбедување.

 

 

И покрај тоа што работи отворено со церемонии, црквата е заштитена со одлука на Врховниот суд од 2006 година, која дозволува употреба на нелегални дроги во богослужбите.

Хоџис изјави дека Црквата започнала како шега на фестивалот Burning Man во 2010 година. До 2019 година, таа станала вистинска религија со следбеници кои создале систем и заповеди.

Хоџис првично одржуваше неделни проповеди во 16:20 часот, каде што делеше џоинти и зборуваше за тревата и духовноста. Во 2020 година, црквата беше претресена од полиција, која зеде готовина во вредност од 200.000 долари и растителни лекови, обвинувајќи ја дека е нелегален диспанзер. Хоџис ја очекуваше рацијата и се подготви за правна битка.

 

Во 2022 година, Хоџис го тужеше градот и полицијата за дискриминација на верските убедувања на црквата. Тој рече дека рацијата всушност ѝ помогнала на црквата да порасне од 20.000 членови на 100.000 за три години.

 

Внатре, покрај вооружените чувари и обезбедувањето, има памфлети во кои се објаснува како печурките и канабисот се тајни кои ги поврзуваат луѓето со Бога. Тие имаат и табели за дозирање и предупредувања за високи дози.

„Секогаш кога консумирате било каква количина печурки, се поврзувате со вашата душа. Сакаме да се погрижиме луѓето да имаат безбеден пристап до овие алатки“. – рече Хоџис.

Хоџис, исто така, верува дека неговата црква може да помогне во кризата со Фентанил. Тој изјави дека разбирањето на целта преку тајните може да помогне во борбата против зависноста. Тој видел членови како се одвикнуваат од фентанил користејќи психоделици. Иако црквата не е центар за рехабилитација, Хоџис се надева дека ќе ја понуди оваа услуга во иднина.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *