Внатре во „тајните затвори“ за „непослушни“ жени и девојки во Саудиска Арабија: Затвореничките се испраќаат тука од семејствата да бидат камшикувани и злоупотребувани додека не станат „послушни“!
Саудиски жени храбро проговорија за шокантните услови во установите познати како Dar al-Re’aya, каде се затвораат девојчиња и млади жени обвинети за „непослушност“. Наместо засолништа, овие објекти функционираат како затвори каде жените се подложени на претепување, изолација и психичко малтретирање, често по нарачка на машките членови од нивните семејства.
Жените сведочат дека биле испратени во овие установи затоа што одбиле сексуално злоставување дома. Во некои случаи, наместо насилниците, токму жртвите се тие што се „казнуваат“ за да се зачува семејниот углед. Една жена раскажува дека татко ѝ ѝ се заканувал со ваков центар ако не му „се покори“. Жените таму добиваат удари со камшик за најмали „прекршоци“, па дури и за молитвено однесување или присуство со друга жена.
Жените можат да бидат пратени тука БЕЗ судска пресуда
Организацијата ALQST документирала случаи на малтретирање, неухранетос, нечовечки услови и бројни обиди за самоубиство. Поранешни затворенички раскажуваат за тестови на невиност, седативи, затворање во самички ќелии и понижување. Некои изјавуваат дека биле принудени да јадат сопствена повраќаница или биле сексуално вознемирувани од мажи кои влегувале во установите.
Овие институции, основани во 1960-тите како дел од „превоспитување“, денес служат како средство за контрола врз жените, кои можат да бидат притворени без судска пресуда, само со одобрување од машки старател. Ослободувањето од ваквите центри исто така зависи од согласност на маж од семејството — дури и ако токму тој бил насилникот.
Каква е вистинската состојба на жените во Саудиска Арабија?
И покрај модерната слика која Саудиска Арабија се обидува да ја прикаже пред светот, состојбата за жените зад ѕидовите на овие институции останува критична. Многу жени кои се спротивставиле на системот велат дека единствен излез бил бегство од земјата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Bojan Tomovic – Sudbina je tako htjela (1998)
Sudbina je tako htjela
ne daj Boze nikad nikom
da ostane bez svog sunca
i da zivi sa tom slikom
Sudbina je tako htjela
ne daj Boze ni dusmanima
svako ima onog koga nema
boli, boli ta praznina
Коментирај анонимно