Внимание за родителите! Мрачни пародии на „Пепа Пиг“ кружат на интернет во кои прасето користи оружје и кокаин

Родителите со предупредувања да внимаваат на серија видеа што претставуваат мрачни и несоодветни пародии на популарниот детски цртан филм „Пепа Пиг“, кои кружат на интернет и достигнуваат милиони прегледи. Иако оригиналната серија е наменета за најмладата публика и од 2004 година има над 40 милиони претплатници на официјалниот YouTube канал, неавторизирани видеа со вознемирувачка содржина се појавуваат на други канали.

Весникот The Mirror објави дека некои од овие видеа вклучуваат сцени каде ликовите користат оружје или наркотици. Едно од видеата, насловено „MLG Peppa Pig (PARODY)“, кое е веќе отстрането, прикажувало лик со пиштол и било прегледано 18 милиони пати. Друго видео, „Peppa does Drugs“, наводно прикажува Пепа како шмрка кокаин.

 

Внимание за родителите! Мрачни пародии на „Пепа Пиг“ кружат на интернет во кои прасето користи оружје и кокаин

Се препорачува користење на YouTube Kids

Од YouTube тогаш изјавиле дека видеата се проверуваат 24/7 и се отстрануваат во рок од неколку часа по пријавата. Родителите се охрабруваат да ја користат апликацијата YouTube Kids со активиран „ограничен режим“, иако самата платформа предупредува дека ниту еден филтер не е 100% сигурен.

 

Се препорачува користење на YouTube Kids

Ова не е прв ваков случај на злоупотреба

Портпарол од YouTube изјави дека двете видеа се отстранети, а каналот кој ги објавил е трајно затворен поради кршење на правилата за безбедност на децата. Од платформата нагласуваат дека овие видеа никогаш не биле достапни преку апликацијата YouTube Kids, која е наменета за деца, и дека тимовите внимателно ги следат пријавените содржини.

 

Ова не е прв ваков случај на злоупотреба

Слични случаи се пријавени и во минатото. Во 2017 година, BBC откри слични видеа со ликови како Пепа, Мики Маус и Боб Градителот во вознемирувачки ситуации. Еден татко од Корнвол сведочел дека неговото дете гледало вакво видео, мислејќи дека е оригинална епизода, сè додека мајката не слушнала непримерен јазик и не го прекинала видеото.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *