Внимание, жешко! Италијанска плажа каде температурата на песокот се искачува и до 150 Целзиусови степени

Пред Неаполскиот Залив се наоѓа Ишија, живописен остров со вулканско потекло во Тиренското Море. Освен доброто вино и рибата, Ишја е светски позната бања, една од најпознатите во Италија.

Помалите минерални и термални извори до 65 ° C, како и бањите со кал се некои од причините зошто е толку популарен меѓу туристите. Едно од најубавите места на островот е Сант Анџело, мало гратче во општината Серара Фонтана, изградено покрај џиновска карпа со мала лента на плажа која ги поврзува двата дела на градот.

Погледот на пристаништето и Тиренското Море од рестораните или кафулињата на брегот е една од омилените активности на посетителите, како и истражување на кулинарски специјалитети подготвени во песок на плажата Ле Фумарол, до островот Капри во далечината.

Плажата Ле Фумарол е позната по своите „Фумароли на Сант Анџело“, парни столбови создадени од вулканска активност и кои се издигнуваат низ песокот до површината. На места песокот е толку жежок што мештаните користат специјално направени тенџериња за готвење во песок.

Во жариштата, температурата се зголемува на 100 – 150 степени Целзиусови, идеални за готвење пилешко, риба, компири или јајца. На пример, школките се готови за околу 20 минути, додека на пилињата им требаат помеѓу час и час и половина, а вкусот е фантастичен. Во топлите летни ноќи, пикник на топлиот песок е вообичаена глетка. Плажата Ле Фумарол е една од најубавите во Ишја, на само кратка прошетка од плажата Маронти и природните топли извори на Каваскура.

Од другата страна на Сант Анџело, во близина на такси и автобуски постојки, се наоѓа живописната плажа Кава Градо, сместена во мал залив со фантастичен поглед на градот додека најблиската плажа е во центарот на Чиаја ди Роуз.
Во непосредна близина на градот има три термални паркови.