Внимавајте: Доколку ви стигне ваква порака да знаете дека станува збор за лажни пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки

Доколку ви стигне порака која што наводно е во име на министерот за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол да знаете дека е лажна. Пораката е во вид на повик за појавување во суд од страна на Секторот за прекршоци, и во неа примачот е известен дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дека, кои ги нема сторено.

 

Притоа, во испратените мејлови, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку Вибер линк. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба.

Затоа МВР апелираат овие пораки никако да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани. Исто така, предупредуваат да не ги отворате линковите и датотеките кои се испратени во прилог на е-мејл поракат која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период биле испраќани и на граѓани во земјите од регионот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *