Внукот ѝ го честита на бабата 77-миот роденден од социјална дистанца

Поради ситуацијата со вирусот, старечките домови одамна се заклучени и посетите забранети, па така и бабата на ова внуче остана изолирана на својот 77-ми роденден. Детенцето ѝ го честиташе роденденот на својата сакана баба со специјална честитка која ја напиша со креди во боја на паркингот пред старечкиот дом.