Внукот на Мухамед Али ја продолжува својата боксерска кариера по стапките на неговиот дедо со нокаут во третата рунда
Нико Али Волш, внук на легендарниот Мухамед Али, го продолжи својот бајковит старт во професионалниот бокс со победата во втората борба каде што го нокаутираше Џејмс Вестли II во третата рунда.
Али Волш ги освои светските наслови откако го победи Џордан Викс на неговото професионално деби во август со технички нокаут во првата рунда.

21-годишниот борецо во средна категорија Али Волш е син на Роберт Волш и Рашеда Али Волш, ќерката на Мухамед Али. Тој потпиша договор со „Bob Arum’s Top Rank Boxing“ во јуни пред неговата прва професионална борба во американската сојузна држава Оклахома.


Со оглед на неговото семејно стебло, публиката очекуваше многу од Али Волш и тој не разочара.
Иако борбата траеше само три рунди, Вестли стана првиот професионален борец кој ја тестираше брадата на Али Волш со силен удар. Но, Али Волш не се предаде, продолжи да напаѓа и во третата руна го нокаутираше противникот.

„Знам дека толпата се возбуди кога виде дека ме удри со тупаница, но јас навистина не го почувствував тоа“, рече Али Волш по борбата.

„Благословен сум што го следам наследството на мојот дедо. Сите што го сакаа мојот дедо сега ме гледаат“, додаде тој.
„Среќен сум дека оваа борба помина онака како што сакав. Сепак има работи на кои треба да работам“.
