Во Јапонија Валентин се слави на сосема поинаков начин и мажите ја имаат таа чест

Во целиот свет Денот на вљубените има свои следбеници и противници. Но претставници и на двете страни добро знаат за каков празник станува збор и што се прави на него.

Но, во Јапонија работите се одвиваат поинаку, таму овој празик е наменет за мажите.

На 14 февруари, јапонските жени од сите социјални слоеви и возрасти заедно преземаат иницијатива и им подаруваат симпатични подароци на мажите. Изненадувачки, овие дарежливи донатори не очекуваат ништо за возврат. Ваквата интересна традиција во земјата на самураите се појави во 50-тите години на минатиот век. Не се знае точно од каде потекнува традицијата, но се претпоставува дека се должи на патријархалниот менталитет.

Интересно е што локалните ергени организираат еден вид натпревар, обложувајќи се кој од нив ќе добие повеќе подароци на овој значаен ден. Кружат шеги за младите мажи кои не веруваат особено во успехот со спротивниот пол и во пресрет на празникот тие самите си купуваат чоколади.

Во 1959 година во една од јапонските продавници се појавија чоколади во облик на срце, на коишто беше поставен натписот: „Еднаш годишно има еден убав ден кога жената му изјавува љубов на мажот.“ На почетокот на февруари, специјални „розови“ оддели се отвораат во јапонските трговски центри каде јапонските жени можат да најдат подароци за мажи.

Вообичаено е да се даваат чоколади како знак на внимание, вклучително и во форма на срца. Оваа практика е особено популарна во образовните институции: Јапонските студенти активно им честитаат на своите машки наставници на овој начин.