Во Чернобил е поставена елка, за прв пат по катастрофата од 1986 година

Празничната сезона се слави во Припјат, Украина, за прв пат по катастрофата во Чернобил, бидејќи поранешните жители се вратија да постават елка.

Градот се наоѓа на околу 3 километри од поранешната нуклеарна централа Чернобил и некогаш беше дом на повеќе од 47.000 жители, но како резултат на нуклеарната катастрофа во 1986 година, сега местото не е ништо повеќе од град на духови.

Мештаните беа евакуирани од градот откако експлодирал еден од четирите реактори на централата, што резултирало со најтешка катастрофа со нуклеарна енергија досега. Многу жители веруваа дека ќе можат да се вратат дома по краток временски период, но властите ја основаа зоната за исклучување, на површина од повеќе од 4.000 квадратни километри околу нуклеарната централа и го опфати и Припијат, а повеќе од три децении подоцна градот останува напуштен заради загадување од зрачење.

Иако градот е празен, некои од неговите поранешни жители сметаа дека заслужува некакво празнично расположение и заедно со водичите на тури поставија елка во градот. Елката беше поставена на централниот плоштад во Припијат и е украсена со играчки, семејни фотографии и украси часовници.

За украсите часовници се вели дека го симболизираат „протокот на време и фактот дека градот со текот на времето не умира, туку оживува“.