Во чилеанската пустина Атакама постои планина од стотици илјади тони облека од богатите земји

Ова е резултатот од брзата и реалтивно евтина мода, која се менува толку често што луѓето од богатите земји секоја година фрлаат голема количина облека затоа што веќе се демоде.

Секоја година во пустината Атакама во Чиле се испраќаат 39.000 тони несакана облека од богатите земји.

Секоја недела луѓето фрлаат околу 13 милиони парчиња облека, што е отприлика колку секоја секунда еден камион за ѓубре полн со фрлена облека да се испраќа на депонија, каде што може да остане 200 години.

Проблемот е што облеката не е биоразградлива и содржи хемикалии, па затоа не се прифаќа на општинските депонии во развиените земји. Така властите на Чиле виделе „шанса“ и решиле да ја увезуваат ваквата облека од целиот свет, затоа што решиле на ваков начин да ја искористат огромната пустина.