Во Дубаи се отвори Музејот на иднината, во кој се предвидува како ќе изгледа светот после 50 години

Музејот нуди поглед на светот за 50 години од сега, демонстрирајќи и предвидувајќи ги решенијата на следните генерациии, од вештачка интелигенција, проширена реалност, па до откривање потенцијални закани, кои можат да го подобрат и револуционизираат човештвото.

„Ова е архитектонско и инженерско чудо што самоуверено ги поврзува минатото и иднината и применува врвна технологија за традиционалните уметнички форми“, изјавија претставници на Обединетите Арапски Емирати за време на отворањето.

Изработена од фиберглас и нерѓосувачки челик, структурата е дизајнирана од архитектонската фирма Killa Design и веќе е прогласена за еден од 14-те најубави музеи во светот од National Geographic.