Во Франција откриена порака во шише стара 200 години – еве што пишувало во неа!

Порака стара 200 години во шише неодамна беше откопана од волонтери среде археолошко ископување во северна Франција.

 

 

 

Пораката била напишана од археологот Пи Џеј Ферет, кој напишал дека тој го „диригирал“ ископувањето на локацијата „Cité de Limes“ во јануари 1825 година.

„ПЈ Ферет, роден во Диепе, член на различни интелектуални друштва, извршил ископувања овде во јануари 1825 година“, се вели во пораката. „Тој ги продолжува своите истраги во оваа огромна област позната како „Cité de Limes“ или Кампот на Цезар“.

 

 

 

Градот кој го поддржа ископувањето, Еу, кој се наоѓа во регионот на Нормандија, објави слика од реликвијата на својата Фејсбук страница.

„Тоа беше апсолутно магичен момент“, изјави за весникот Гијом Блондел, водач на археолошката служба за Еу.
„Знаевме дека имало ископувања овде во минатото, но да се најде оваа порака од пред 200 години… беше целосно изненадување“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *