Во Јапонија доцнењето од само една минута може да ви ја намали платата, а овој машиновозач тоа го дознал на потешкиот начин
Машиновозач од Јапонија го тужи својот работодавец откако задоцнил една минута, што резултирало со намалување на неговата плата.
На 18 јуни 2020 година, возач пристигна на погрешна платформа за да пренесе празен воз до станицата Окајама во јужна Јапонија. Откако ја сфатил својата грешка и побрзал на вистинската платформа, возачот на крајот задоцнил една минута, што резултирало со тоа железничката компанија Западна Јапонија, инаку позната како JR West, да одлучи да ја намали платата на вработениот.
Работникот сега бара репарации, и тоа не само соодветна плата за неговата работа тој ден, туку и повеќе од 2,2 милиони јени (15.000 долари) за „менталната болка“ што наводно ја предизвикал инцидентот.
Работникот ја осуди компанијата за „користење на намалување на платите како санкција за човечка грешка“ и дека неговата грешка при доаѓањето на погрешна платформа била „мала“ и не треба да се смета за прекршување на договорот.
Тој, исто така, го оспори намалувањето на неговата плата поради тоа што возот бил празен, тврдејќи дека доцнењето не предизвикало никакви проблеми во возниот ред.
Случаен минувач во Јапонија кој слушнал за ситуацијата изјавил:
„Овој недостаток на слобода е карактеристичен за Јапонија. Не се работи за тоа да се биде високо продуктивен. Ако сте член на екипажот, често се вели дека ако предизвикате доцнење од една минута, ќе ве третираат како да сте предизвикале несреќа. Значи, можете да намалите нечија плата за една минута доцнење, но не можете да плаќате и прекувремена работа за останување една минута повеќе?“