Во Јапонија дури и дрвјата имаат ВИП третман! Кога треба да градат нешто, Јапонците ги преместуваат дрвјата наместо да ги сечат
Кога треба да се изгради пат, зграда или нова инфраструктура, во многу земји дрвјата што стојат на таа траса едноставно се сечат. Но во Јапонија, изборот често е поразличен – наместо уништување, тие ги преместуваат дрвјата. Причината? Да се овозможи развој без целосно уништување на природата. Тоа е начин да се направи простор за новото, а сепак да се зачува живото.
Таму, дрвјата добиваат третман како да се живи културни богатства. Наместо сечење, експерти внимателно ги вадат со целиот коренов систем, ги пакуваат и транспортираат на ново место каде можат да продолжат да растат. Тоа е чин на длабока почит кон природата – нешто што не се гледа често.
Јапонскиот модел покажува дека урбаниот развој и заштитата на околината не мора да се исклучуваат меѓусебно. Со преместување на дрвјата, тие ги одржуваат зелените површини и придонесуваат за поквалитетен животен простор, без да го кочат развојот.
Иако оваа практика е инспиративна, не секогаш е доследно спроведена. Последниве години, јавноста во Токио се крена против сечењето на стари дрвја во областа Јингу Гаен. Тоа покажува дека дури и во Јапонија, граѓанскиот глас останува клучен за заштита на зеленилото.
Дали и други земји би требало да го следат овој пример? Можеби е време светот да научи дека вистинскиот напредок не доаѓа на сметка на природата – туку во соработка со неа.
Не е само до еколошката свест! Па и ДУИ беа „зелени“!?
Целата операција за преместување на 1 дрво, сигурно чини 100.000 еура!
Наравоучение: Колку пари, толку музика (тачка).
Коментирај анонимно