Во јавноста излезе нов извештај кој тврди дека боксерката Иман Келиф е биолошки МАЖ – како и зошто ѝ било дозволено да се натпреварува во Париз?
Новинарските извештаи наведуваат дека резултатите од медицински тест направен во 2023 година на олимписката шампионка Иман Kелиф, сугерираат дека таа е биолошки машко. Овие наводи се појавија веднаш по одлуката на Светската боксерска федерација Kелиф да се подложи на задолжително генетско тестирање за да учествува во идни женски категории.
На Kелиф, која го освои златниот медал во женскиот бокс за Алжир на Игрите во Париз, ѝ беше дозволено да се натпреварува и покрај тоа што федерацијата веќе располагала со информации од тестот.
Поделени мислења во јавноста
Документот, кој според британскиот „Telegraph Sport“ бил издаден од лабораторија во Индија, наведува дека хромозомската анализа покажала машки кариотип. Сепак, постојат сомнежи за автентичноста и политичката заднина на извештајот. Доктор Жак Јанг, еден од наводните коавтори на анализата, изјавил за германскиот DW дека неговото име било злоупотребено за ширење анти-транс агенда.
Реакциите на јавноста се поделени. Некои јавни личности, како Пирс Морган и Шерон Дејвис, остро ја осудија Келиф, тврдејќи дека женските спортови се загрозени. Од друга страна, алжирскиот олимписки комитет ги нарече обвинувањата „непоткрепени и клеветнички“.
Нова политика со цел да се спречат вакви ситуации во иднина
Светската боксерска федерација воведе нова политика за „Пол, возраст и тежина“, според која сите спортисти над 18 години мора да поминат генетско тестирање со PCR метода, со цел да се утврди постоењето на Y хромозомот. Сè додека не се изврши тестирањето, Келиф нема да може да се натпреварува во женска категорија, вклучително и на Купот во Ајндховен во јуни 2025 година.
Случајот останува отворен, а официјална потврда или демант од страна на Иман Хелиф сè уште нема. Додека не се расчисти ситуацијата, се поставуваат прашања за транспарентноста, научната точност и етичките аспекти на ваквите тестирања, особено во чувствителната сфера на родовиот идентитет и натпреварувачкиот спорт.
Коментирај анонимно