Во Кина се донесени нови правила околу видео игрите кои можеби ќе сакаме да ги практикуваме и кај нас

Кина им забрани на децата под 18 -годишна возраст да играат видео игри на интернет повеќе од три часа неделно.

Да, веројатно сите сме поминале премногу часови пред нашите компјутери. За време на карантинот, игрите на интернет беа главен извор на забава со пријателите. Сепак, Кина презеде остри мерки како одговор на загриженоста за зависноста од игри кај младите.

Децата во Кина под 18 -годишна возраст сега ќе имаат дозвола да играат онлајн игри еден час во петок, за викенд и празници. И тоа не кој било час, туку строго од 20:00 до 21:00 часот по локално време.

Иако ова звучи речиси невозможно да се спроведе, на компаниите за игри на интернет што работат во земјата ќе им биде забрането да даваат услуги на малолетници надвор од тие часови и мора да имаат „системи за верификација“.

Владата на Кина исто така најави почести инспекции со цел да се осигура дека компаниите ги почитуваат новите правила.