Во Малезија се отвори необична огромна книжарница во која има над милион книги

Сместена во Санвеј Искандар оваа книжарница распрослана на 3.000 метри квадратни е прогласена за „Кутија на знаење“, титула која дефинитивно ја заслужува. Книжарницата е дом на повеќе од еден милион книги и се вели дека е најголемата книжарница во јужниот регион на Малезија. Во срцето на продавницата има огромна полица со книги која придонесува за нејзиниот необичен изглед.

Продавницата вклучува Детска пештера со прекрасен изглед, комплетна со „Магични книги“ кои вклучуваат и визуелни технологии како и традиционален начин на читање. Книжарницата е дел од малезискиот ланец на книжарници BookXcess.