Во Москва измерена рекордно висока температура за последните 120 години

Температурата на воздухот во Москва се искачи на рекордно високо ниво во последните 120 години набудување и достигна 36 Целзиусови степени. Највисоката температура во минатиот век била 34,7 степени, измерена во јуни во далечната 1901 година.

Москва е на милост и немилост на топлотен бран од Иран. Сепак, синоптичарите предупредуваат дека топлото време во наредните денови ќе биде заменето со силен западен циклон, кој ќе донесе поројни дождови и грмотевици. Во меѓувреме, жителите на руската престолнина бараат заштеда под сенките во парковите, во фонтаните и секаде каде што има вода.