Во Ниш долги редици од Македонци кои се тестираат за COVID-19

Еден изреволтиран граѓанин објави статус и фотографии од наводно Македонци во Ниш кои чекаат да бидат тестирани за коронавирусот и да се вратат во Македонија.

„Голем поздрав до владата, моментално околу 100 луѓе чекаат тестирање во Ниш. Секој од овие луѓе најмалку ќе остави по 200 евра во Србија за смештај, тест и храна за 24 часа, колку сме приморани да чекаме за резултат. Кога би имало барем еден свесен, да постави подвижна лабораторија за земање на брисеви на граница и откако ќе се земе брис, да си одат луѓето во куќна 24-часовна самоизолација до земање на резултатите. ОВИЕ ПАРИ ЌЕ ОСТАНАТ ВО МАКЕДОНИЈА. Многу лесно е да се пресмета. Оваа слика е СЕКОЈ ДЕН во последните 3 недели. Нека пресмета министерката колку финансии изгубила досега. 15 работни дена во просек по 2000 евра. СРАМОТА.“, стои во објавата на Фејсбук.

Автор: Синиша Бошковски

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.