Во Нов Зеланд има главен Волшебник на државата и за тоа еден човек добива над 10.000 долари

Еден 87-годишен маж во Нов Зеланд кој добива плата од 10 000 американски долари годишно за да биде официјален волшебник на „Крајстчрч“ во моментов го бара неговиот наследник. Британецот, Иан Бракенбери Чанел се преселил во земјата во 1970-тите години, а наскоро се етаблирал како Волшебник од Кристчрч – навистина, тој е познат како „Волшебникот“.

Поради тоа што често е во облеката на волшебник Иан стана толку познат што има свој рејтинг на TripAdvisor: импресивни 4/5 starsвезди. Тој дури и го смени името во возачката дозвола во „Волшебникот“, иако официјално не го смени неговото име.

Иан дури добива 10.000 долари секоја година од 1998 година од страна на Градскиот совет на Крајстчрч. Замислете да се обидете да го објасните тоа на даночната канцеларија. Пред неговите денови на волшебство, Иан бил професор по социологија во Австралија на Универзитетот во Нов Јужен Велс. Кога ја загуби работата во универзитетот, тој испорача план до заменикот на канцеларот за да му даде нова позиција – првиот официјален волшебник на универзитетот. Иан вели дека идејата за волшебникот му дошла спонтано.

Откако го напушти Универзитетот во Нов Јужен Велс, се преселил на Универзитетот во Мелбурн пред да ја однесе својата професија во Нов Зеланд во 1970-тите. За жал Иан поради својата професија ги загубил пријателите и својата сопруга.

Но во 1990 година премиерот на Нов Зеланд, наводно, му пишал на Иан директно, барајќи од него да стане официјален волшебник на земјата.

Додека Иан е очигледно одличен во она што го прави, тој брзо се приближува до 90 години. Тој исто така смета дека можеби го нашол неговиот наследник: 39-годишен учител за гитара Ари Фримен, кој очигледно е негов чирак во последните шест години.