Во овие 8 работи луѓето се најдобри на одредена возраст
Излегува дека постои совршена возраст за брак, за развивање на телото, заработување на пари, па дури и за учење на нов јазик.
Луѓето исто така успеваат најдобро да играат шах и да помнат лица во одреден период од нивниот живот. Ние дознавме во што се најдобри луѓето од 7 до 48 години.
Учење на странски јазик – 7 години
Луѓето кои започнуваат да го учат својот втор јазик пред 10-годишна возраст имаат подобри шанси да зборуваат течно, според една студија. Не е познато зошто човечкиот мозок се бори да научи јазик во зрелоста. Се вели дека, 17 или 18 години се сметаат за последен критичен период за учење нов јазик.
Животно задоволство – 23 години
Истражувањето на 23.000 луѓе во Германија открило дека сегашното задоволство од животот го достигнува својот врв околу 23 и 69 години. Ако веќе сте над 23 години, тогаш нема зошто да се тажни – само почекајте го вториот врв и сè ќе биде добро повторно Се разбира, се шегуваме! Како прво, радоста во нашите животи зависи од нашиот став кон работите што ни се случуваат.
Жените се најпривлечни – 23 години
Според книгата Dataclysm, мажите ги сметаат жените во раните 20-ти години најатрактивни. Дури и додека мажите стареат нивните преференции за 20-годишните девојки остануваат. Да, вкусовите може да се разликуваат, но ова овозможува да се идентификуваат одредени модели.
Сила во мускулите – 25 години
Честопати, луѓето имаат тенденција да ја оправдаат својата мрзеливост со глупави причини. На пример, луѓето кои се уште се млади не спортуваат, бидејќи „премногу е доцна“. Но, студијата тврди дека врвот на јачината на мускулите не започнува дури до 25 години и трае околу една деценија. За постарите луѓе, има и добри вести. Физичката активност се намалува прилично бавно, а умерено вежбање се смета за корисно на било која возраст.
Наоѓање партнер за брак – 26 години
Математичарите велат дека најдобро време да донесете одлука е кога ќе погледнете 37% од тие опции. Лесно е да се пресмета дека ако барате партнер на возраст меѓу 18 и 40 години, тогаш најдобрата одлука треба да се донесе на 26 години.
Играње шах – 31 година
Ако не сте велемајстор, тогаш никогаш не играјте шах за пари со луѓе кои имаат 31 година. Студијата вели дека на оваа возраст човек има најдобри развиени способности за оваа игра. Но, се разбира, со постојан тренинг, можете да го победите секој противник!
Помнење на лица – 32 години
Ако шахот е премногу досаден за вас, не бидете тажни, имаме друга идеја: Вие секогаш би можеле да работите за тајната служба. Една студија вели дека способностите за помнење на лица се најдобри веднаш по 30-годишната возраст.
Мажите имаат најдобри плати – 48 години
Според една студија, мажите најмногу заработуваат кога имаат околу 48 или 49 години. Нивните плати продолжуваат да растат сè до оваа возраст.