Во овој град во Европа, Сонцето зајде оваа недела и нема да изгрее во наредните два месеци – луѓето тука ќе живеат во целосен мрак!
Со зголемувањето на ноќите и намалувањето на сончевата светлина, многу севрно Европејци се чувствуваат како да поминале денови без сонце. Но, замислете да живеете на место каде сонцето не изгрева повеќе од два месеца. Ова е реалноста за жителите на местата што ја доживуваат Поларната ноќ.
Поларната ноќ е географски феномен кој се јавува во северните и јужните најкрајни региони на Земјата, каде сонцето останува под хоризонтот 24 часа дневно. Откако сонцето ќе зајде за зимата, овие заедници остануваат во мрак до неколку месеци. Едно од таквите места е Уткиагвик, Алјаска, каде на 18 ноември сонцето зајде за последен пат оваа година и нема да се појави повторно до крајот на јануари.
Уткиагвик, кој се наоѓа 500 километри северно од Арктичкиот круг, со своите 4.927 жители, е познат и по своите ниски температури и честата „ледена магла“. За време на овие месеци, жителите имаат само неколку часа таканаречен „самрак“, кога сонцето благо се појавува над хоризонтот, но не ја дава дневната светлина на која сме навикнати.
Овој феномен не е ограничен само на Уткиагвик. Градот Лонгјербин на Свалбард, Норвешка, исто така ја доживува оваа зимска темнина. Живеењето во вакви екстремни услови влијае и на здравјето, особено на сонот, бидејќи нарушувањето на мелатонинот и циркадниот ритам може да предизвика лош сон и потешкотии со концентрацијата. Сепак, заедниците што живеат во овие региони се адаптирале и нашле начини да го искористат максимумот од овој период.
Градоначалничката на Уткиагвик, Асисаун Тоовак, изјави дека гледа на Поларната ноќ како можност за одмор. Кога сонцето повторно се враќа, градот го прославува со традиционални танци и песни, што за жителите има терапевтско и обединувачко значење.
Коментирај анонимно