Во случај на смрт на човештвото: „Црна кутија“ ќе биде инсталирана во Австралија следната година и еве што информации ќе содржи
На островот Тасманија, во блиска иднина, истражувачите ќе изградат челична конструкција во која ќе ги стават сите информации за тоа како се случуваат климатските промени и како точно нашата планета постепено се приближува до вистинска катастрофа.
Оваа огромна градба ќе се вика „Земна црна кутија“. За нејзината изградба ќе се користат хард дискови на соларна енергија. Тие ќе вклучуваат научни податоци за состојбата на климата, како и за тоа како ќе дојде до исчезнување на растенијата и животните.
Покрај тоа, експертите планираат да додадат информации за загадувањето на животната средина за да можат потомците да дознаат што се случило со планетата.
Авторите на проектот забележуваат дека доколку не се преземат мерки во блиска иднина, климатските промени се тие што ќе предизвикаат смрт на целото човештво.
„Земната црна кутија“ ќе ги содржи сите потребни податоци кои ќе им овозможат на идните генерации да знаат се што се случувало на планетата пред да се родат.
Со проектот се занимаваат маркетинг агенцијата Clemenger BBDO, како и креативната агенција Glue Society од Австралија.
Поставувањето на конструкцијата е предвидено за почетокот на следната година. Денес, специјалисти се ангажирани во бета тестирање на хард дискови и собирање информации неопходни за спроведување на проектот.
Џим Кертис забележува дека ова ќе им помогне на потомството да разберат какви грешки направивме и што не треба да се прави за да не се случи повторно катастрофа, што може да предизвика смрт на огромен број живи организми на Земјата.
Isto kako vo EGIPET , smo taa prostorija uste ne e najdena ……
Коментирај анонимно