Во социјализмот беше подобро (виц)
Времето на социјализмот, некаде во Македонија, државно претпријатие.
Раководствата на претпријатиеро, на партијата и на синдикатот, заедно со народната милиција спроведуваат масовна акција за проверка на почитувањето на работното време и работната дисциплина.
Првиот работник доаѓа на работа 10 минути порано. Веднаш го апсат. Образложение: „Штом доаѓа порано, сигурно прави шпиунажа и саботажа.“
Вториот работник доаѓа 10 минути покасно. Веднаш го апсат. Образложение: „Обид за саботажа на производствениот процес“
Третиот доаѓа точно на време. Веднаш го апсат. Образложение: „Штом доаѓа точно на време, сигурно има западен часовник. Странски шпиун.“

Коментирај анонимно