Во Шпанија стотици птици „како дожд“ паднаа мртви од небото, никој не ја знае причината

На 26 ноември, околу 9.00 часот во градот Ферол, Шпанија, 200 птици одеднаш почнале да паѓаат на земја во близина на болницата Хуан Кардона, навидум без објаснување.

Оттогаш, официјални лица, заедно со Градскиот совет на Ферол, започнаа истрага.

За среќа, според полицијата, нема повредени како последица на „дождот“ од мртви прици.

Претседателот на локалното здружение на жители, Мапи Родригез, изјави:

„Тие излегле од дрвјата во делот за итна помош на болницата, летнале неколку метри и вртоглаво паднале на тротоарот. Птиците се собрани и сега чекаме да дознаеме што се случило. Ни кажаа дека нема да биде лесно“.

Регионална агенција за животна средина врши анализа на голем број птици, за да се обиде да ја открие причината за нивната смрт.

На почетокот на годината, испуштање на токсични хемикалии од петрохемиска фабрика во Тарагона, североисточна Шпанија, резултирало со стотици птици кои на сличен начин паднале од небото.

Една непотврдена теорија за инцидентот во Ферол е дека далноводот ги погодил птиците со струја, бидејќи болницата не се наоѓа до ниеден вид зграда што потенцијално би можела да испушти штетни хемикалии.

 

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.