Во Шпанија уапсени 20 „гангстери“ и запленета најголемата количина канабис досега! Знаете ли која е „уличната вредност“ на толкава количина марихуана?
Повеќе од 32 тони канабис во вредност од речиси 60 милиони евра се запленети од шпанската полиција во досега најголемата акција за пронаоѓање на марихуана во светот.
Властите соопштија дека уапсиле 20 лица – 9 мажи и 11 жени, на возраст меѓу 20 и 59 години, кои биле во врска со „комплексна“ мрежа на дрога која испраќала марихуана во вакум низ Шпанија, Швајцарија, Холандија, Германија и Белгија.

Бандата била уапсена по рациите во Толедо, Сиудад Реал, Валенсија и Астурија минатиот месец, но деталите за операцијата „Гарденс“ беа објавени дури денеска.
Запленетите 32.370,2 килограми пупки канабис се еквивалент на 1,1 милион растенија марихуана и имаат улична вредност од повеќе од 57 милиони евра.
Запленетата дрога тежи речиси колку три двокатни автобуси и повеќе од пет возрасни африкански слонови.
Полицијата соопшти дека бизнисот го воделе различни „компании“ кои спровеле одделни делови од операцијата. Ова вклучувало купување на семиња, нивно засадување, нивно собирање, сортирање на исушените пупки од канабис во магацините и нивно вакумско пакување.

Снимката споделена од „Гардија Цивил“ на „Твитер“ покажува како полицајците запленуваат стотици кафени кутии полни со дрога за време на една од нивните рации.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно