Во Швајцарија не се исплати да возиш брзо дури ни ако си милионер! Од паричната казна ќе ви се сврти паметот!

На милионерка од Швајцарија и е изречена парична казна од 192.825 евра за брзо возење.

Жената го возела своето возило, марка Ренџ Ровер со брзина од 93 километри на час додека возела низ селото Волерау. Камерата регистрирала дека брзината со која се движел нејзиниот Ренџ Ровер во тој момент била 43 км / ч повеќе од дозволеното.

Казните во Швајцарија се пресметуваат врз основа на приходот или имотот на прекршителите, па затоа ова забрзување ја чинело скапо.

Поради две условни казни од предходни прекршоци жената од Цирих мора да плати вкупно 209.000 франци, или 192.825 евра.