Во текот на една година, овој човек снимил 7 епизоди од сапуница во IKEA без да го фатат

Маркетингот е секако една од клучните работи за добар бизнис и потребно е многу планирање и истражување за да се состави добар план. Но што ако не сте свесни дека некој ве рекламира? Такво нешто ѝ се случило на IKEA пред една деценија.

Во 2009 година, Дејв Сегер и Пол Бартунек смислиле концепт за кратка сапуница. Но, ова не била обична пародија со мелодрама. Тие решиле целата серија да ја снимаат во ИКЕА. Но, од ИКЕА не го забележале тоа се додека серијата не се емитувала. Да така е актери со екипа снимале среде бел ден во ИКЕА кога наоколу имало купувачи 7 епизоди кои траат по 5 минути и никој не ги забележал.

Серијата се вика IKEA Heights и е пародија на генерички дневни сапуници. Содржи сѐ што има една „теленовела“: смешна романса, немилосрдна драма, заговор за амнезија и повремено убиство.

IKEA Heights беше креирана како веб-серија за Канал 101, месечен непрофитен фестивал за кратки филмови што се одржува во Лос Анџелес и Њујорк.

Серијата кружеала наоколу 8 месеци и добила оценка 7,9 на IMDB и ја нарекуваат брилијантна, прекрасна и многу забавна. Што се однесува до ИКЕА, тие не беа премногу задоволни од тоа, но не беа ни лути. Портпаролот на ИКЕА, Медлин Лувенборг-Фрик изјавил дека уживале во хуморот, но повеќе би ценеле сето тоа да се одвивало по официјалните канали.

Погледнете една од епизодите од серијата: