Во училиште пронашле чанта изгубена пред 60 години и таа е вистинска „експлозија“ од минатото

Во средното училиште „North Canton“ бил пронајден импресивен „артефакт“. скриена во аголот до шкафчињата 6 децении стоела црвена чанта, покриена со прашина и пајажина. Среќниот пронаоѓач одлучил да ја разгледа чантата и сфатил дека припаѓала на една млада дама по име Пети Румфола.

Според она што е пронајдено во чантата Пети, која можеби одела на училиште во 1950-тите или 1960-тите, имала околу 14 години во времето кога ги изгубила драгоцените работи.

Луѓето едвај чекаа да го пронајдат сопственикот, на чантата која исчезнала пред 60 години. И тие го сторија тоа. За жал, Пети починала во 2013 година, но нејзините пет деца сакале да погледнат во животот на нивната мајка. Пати е родена во 1942 година и го поминала својот живот работејќи како учителка. Таа се омажила во 1980-тите и нејзиниот сопруг починал пред неа. Таа починала на 71-годишна возраст.

Во чантата имало разни делови од животот на Пети, како што се картички од библиотека, билети, фотографии и шминка. Навистина е интересно како кога времето ќе застане сѐ изгледа толку необично. Еве што пронашле во малата црвена чанта: