Во време во кое луѓето забораваат да бидат љубезни едни со други го имаш ова: Реакцијата на доставувачката за добриот гест на луѓето кај кои доставува ќе ви го направи денот

Во времето на Амазон и други онлајн трговци, доставувачите станаа составен дел од нашите животи. Но, повеќето од нас ретко имаат контакт со луѓето кои доставуваат пакети до нашите врати. А ако се сретнеме, тоа обично трае само неколку секунди. Во најдобар случај, ќе размениме брз „Добар ден!“ или „Ви благодарам!“ додека тие брзаат кон своето возило, секогаш во трка да ги исполнат квотите што е можно поефикасно.

Овие работници вложуваат голем труд. Поголемиот дел од денот го поминуваат на нозе, шетајќи по стотици патеки до врати неделно, низ секакви временски услови. Да, тоа им е работа и за тоа се платени, но секогаш е убаво трудот да биде препознаен и ценет. Тоа е една од причините поради која видеото од доставувачка, која открива мала ужинка на прагот на еден дом, стана вирално.

Другата причина? Видеото е едноставно преслатко и комично.

Камерата на ѕвончето ја снимила доставувачката, носејќи празнична трака со украси на главата, како пристигнува на вратата и остава пакет, додека зборува сама со себе. Откако го фотографира доставениот пакет, таа забележува дека клиентот оставил мала тацна со пијалаци и закуски. Нејзиното „Ооо, дали гледам медено зајаче?“ навистина ќе ве насмее.

 

 

Ова е потсетник дека не е потребно многу за да покажете благодарност и да разубавите нечиј ден. Ваквите позитивни интеракции, дури и кога не се директни, се важен дел од создавањето свет каков што сите посакуваме.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *