Водата на Земјата ја средивме, сега на ред е Месечината: Научниците ќе ја прочистуваат водата на Месечината, а ако не сте знаеле за тоа е потребно микробранова печка

Предизвикот „Aqualunar“ вреден 1,4 милиони eвра меѓу Велика Британија и Канада има за цел да развие технологии за прочистување на водата за Месечината, кои би можеле да се користат за одгледување храна и за напојување на ракети за нивните повратни патувања.

Вселенската агенција на Обединетото Кралство објави дека дава 35.500 евра финансирање и експертска поддршка на десет тимови кои работат на решавање на проблемот со водата на Месечината.

 

Владата вели дека „Aqualunar Challenge“ ќе обезбеди финансирање на стартапи предводени од Обединетото Кралство за да создадат технологии кои можат да го прочистат мразот закопан под површината на Месечината за „да го направат одржливо човечкото живеење на Месечината“.

Лолан Наикер од „Naicker Scientific Ltd“, еден од финалистите во Обединетото Кралство, има интересен план како да го постигне тоа. „Исклучително е тешко да се дојде до остварливо решение“, рече тој.

 

Тој објасни дека првиот дел од планот на неговиот тим е да го испере валканиот лунарен мраз во микробранова. „Буквално ќе излезам денес, ќе купам микробранова печка од Tesco преку патот и ќе ја расклопам, ќе го извадам магнетронот и потоа ќе се обидам да го вградам тоа во првиот дел од мојот процес“, рече тој.

Наикер, исто така, се надева дека ќе користи моќни звучни бранови за да создаде милиони ситни меурчиња во лунарната вода за да ја исчисти.

Тимовите имаат седум месеци да ги развијат своите идеи пред да се избере победник. Победникот и двата второпласирани тима ќе поделат 356.000 евра дополнително финансирање.

Меган Кристијан, астронаут на Вселенската агенција на Обединетото Кралство и претседавач со судискиот панел „Aqualunar Challenge“, рече дека овие технологии може да се користат и на Марс. „Знаеме дека на Марс има воден мраз, на пример. Значи, апсолутно, овие технологии би можеле да се прилагодат за употреба на Марс и други планетарни тела, каде и да одлучиме да одиме во иднина“, рече таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *