Водечки кардиолог открива: Пет намирници за кои медицината ве излажала

Водечки кардиолог открива пет намирници и пијалаци кои се всушност добри за здравјето, иако долго време биле сметани за штетни.4

Водечки кардиолог открива: Пет намирници за кои медицината ве лажела

Јајцата не го зголемуваат холестеролот како што мислевме

Доктор Еван Левин, кардиолог од болницата Маунт Синај во Њујорк, истакнува дека јајцата неоправдано добиле лоша репутација поради жолчките, кои долго време се сметале за извор на „лош“ LDL холестерол што го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

Совет: Јајцата зготвени во маслиново или авокадово масло се богати со хранливи материи, незаситени масни киселини и можат дури и да го зголемат „добриот“ HDL холестерол.

 

Јајцата не го зголемуваат холестеролот како што мислевме

Ракчиња и свинско – здрави алтернативи на црвеното месо

Доктор Левин истакнува дека раковидните плодови, како ракчињата, иако содржат холестерол, немаат ист ефект врз нивото на холестерол во крвта како заситените масти од преработената храна и црвеното месо.

Истото важи и за свинското месо. Посните делови, како свинскиот филе и котлетите, содржат малку масти и можат да бидат дел од здрава исхрана ако се консумираат умерено.

Важно: Свинското филе нема ништо заедничко со сланината и колбасите, кои се преработени и содржат големи количини конзерванси и натриум.

 

Ракчиња и свинско – здрави алтернативи на црвеното месо

Авокадото – маснотии што го штитат срцето

Авокадото често било осудувано поради високата содржина на масти, но вистината е дека содржи корисни мононезаситени масти кои можат да го намалат LDL холестеролот.

Истражување од 2022 година, објавено во Journal of the American Heart Association, следело повеќе од 110.000 луѓе во текот на 30 години и открило дека оние што јаделе најмалку едно авокадо неделно имале 16% помал ризик од срцеви заболувања.

Совет: Заменувањето на путер, сирење или сланина со авокадо може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Одлично оди со јајца, салати или како додаток на пилешко или свинско.

 

Авокадото – маснотии што го штитат срцето

Кафето – од „непријател“ до сојузник за срцето

Со децении, лекарите се колебаа околу кафето поради неговата способност привремено да го зголеми крвниот притисок и срцевата фреквенција.

Но, истражување од 2022 година во Кореја, кое анализирало 13 долгорочни студии со 315.000 испитаници, не открило значајна поврзаност помеѓу консумирањето кафе и зголемениот ризик од висок крвен притисок.

 

Кафето – од „непријател“ до сојузник за срцето

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *