Водич за стекнување богатство преку минимален напор: „Работењето многу нема да ве направи богати“, вели 24 годишен милионер кој нѐ советува да работиме што е можно помалку

Еден 24-годишен мултимилионер ги советувал идните бизнисмени како можат да почнат да собираат богатство – и сето тоа со малку работа.

Лукас Ли-Тајсон од Остин, Тексас, почнал да го гради својот луксузен животен стил според кој заработувал милиони кога бил само тинејџер.

 

 

Сега, 24-годишникот има свој бизнис познат како „Пештерата на раст“ кадешто ги учи луѓето како да заработат профит преку социјалните мрежи и да избегнуваат да го разменат своето време за пари.
Лукас сега им го дава на другите својот врвен совет за да станете успешен: „напорното работење нема да ве направи милионер“, вели тој.
Тој вели: „Најголемата заблуда за да се биде богат и успешен е дека треба да работите долги часови за да го замените вашето време за пари. Напорната работа нема да ве направи милионер – не излажаа. Вистината е сè што треба да направите за да бидете успешни е да имате нешто да продадете и да го ставите тоа пред вистинските луѓе“.

 

 

Тој објасни дека сега заработува многу повеќе отколку како практикант и дека работи многу помалку.

„Сега заработувам 50 пати повеќе од мојот стар приход како практикант и се што направив е многу помалку труд. Конвенционалната работа со плата само ви дава плафон на вашиот приход и удобност – хипотека, автомобил итн. ќе ве држат заклучени во состојба на „одржување“, а не да го зголемите вашиот потенцијал за заработка. Им велам на моите клиенти: „не менувајте го вашето време за пари. Постои и друг начин“, додаде тој.

Извонредниот успех на милионерот првпат започнал кога тој имал само 13 години.

Растејќи за време на подемот на социјалните медиуми, Лукас отсекогаш бил заинтересиран за моќта на интернетот.

 

 

„Почнав на толку млада возраст, бидејќи ако сакав брза храна или видео игра или нешто, морав да побарам дозвола од моите родители бидејќи не ми даваа џепарлак“, вели Лукас, кој сега може да се пофали со 310.000 следбеници.
Тој објасни дека со тоа што секогаш морал да бара работи и никогаш немал „контрола“ над својот живот на млада возраст, тоа го научило да заработува пари за себе.

Неговиот татко е автор, а неговата мајка, работи на приеми на факултет, помагајќи им на луѓето да ги претстават најдобрите верзии од себе.

Тој објасни дека станал „мрзелив“ и се свртел кон „забавниот“ начин на живот пред да се врати да работи на зголемување на своето богатство.

 

 

„Откако почнав толку јако, станав мрзелив, имав повеќе заштеди отколку што знаев што да правам со нив, па почнав само да уживам во средношколските години. Но, во мојата втора година на студии за диплома по наука за бизнис администрација на колеџ, почнав да станувам немирен во животот, само одев на часови и се забавував, па почнав хонорарна работа и заработив уште 10.000 долари“.

Во 2019 година, на 20-годишна возраст, Лукас започнал канцелариско стажирање со компанија која имала огромен буџет за дигитален маркетинг, што станало отскочна даска за неговиот сопствен бизнис.

 

 

24-годишникот вели: „Ми плаќаа 3.000 долари месечно, но затворив рекламни договори за компанијата која имаше вредност од 500.000 долари. Мислев дека ако можам да заработам дури и еден процент од тоа за себе како претприемач, ќе бидам среќен, па истражував сè што можам за тоа како функционира дигиталниот маркетинг. Се научив од нула користејќи ја истата истрајност што ја покажував како дете, освен што овој пат работев хонорарно зад моите шефови, а не зад моите родители“.

Само една година подоцна, Лукас ја напуштил работата откако ги заработил своите први милион долари со мал тим од пет виртуелни асистенти за да го поддржат.

 

 

Тој сега има деловен партнер Ози Блесед, а тие водат тим од 35 членови. Тие имаат за цел да достигнат промет од 100 милиони долари што е можно поскоро и да станат познато име.

„Growth Cave“ е компанија за обука и консултантски услуги за дигитален маркетинг што ги учи претприемачите како да заработат поголем профит користејќи ја моќта на рекламирањето на социјалните мрежи.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *